Роберт Де Ниро. Добри контра-тужба од неговата поранешна долгогодишна асистентка откако неговата фирма ја тужеше за крадење.
Греем Чејс Робинсон од поранешниот шеф бара 12 милиони долари отштета за полова дискриминација и сексуално вознемирување. Генерално, бил нахален шеф. Во судница се раскажува како бил агресивен работодавец, како ѝ давал секакви задачи, од тоа да му ја украсува новогодишната елка па до тоа да го носи в болница кога паднал по скали, зашто нејќел да ја буди својата партнерка.
А меѓу партнерката и асистентката имало чести љубоморни расправи зашто првата ја обвинувала втората дека се мува со стариот. Тие кавги ѝ збоктисале на Робинсон па во 2019-та дава отказ од работата за која била платена 300.000 долари годишно.
Ал Пачино. Тој и неговата девојка и натаму се заедно но некој од нив (кој ли?) притиснал дур е време (човекот има 83 години) да го стават на хартија договорот за старателство на нивното, годинава добиено синче, Роман.
Пачино потпишал дека на Нора Алфалах иницијално ќе ѝ даде 110.000 долари а потоа за синот ќе плаќа по 30.000 долари месечно. Џепарацот за Роман може да оди и до 90.000 долари месечно, во зависност од тековните приходи на Скарфејс. Башка ова, Пачино треба секој месец да одвојува по 15.000 долари за идното образование на синот, 13.000 долари месечно за ноќна помошничка за детето и да плаќа за сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.
Дајте им ги на старите децата, нека шетаат внуци, нека не мрчат. Туршијата и онака не е стасана.