Војна, фаза на конфискација

Европа веќе извесно време им има фрлено око на руските пари кои се кај неа a Унијата ги има замрзнато со санкциите. Русија им вика дека е тоа обична кражба и ако прибегнат кон таков чекор, да очекуваат сличен потег и од нив. Како показна вежба, Русија го продаде кримскиот апартман на Владимир Зеленски. 

Водечки руски функционери предупредија дека земјата ќе ги заплени имотите што им припаѓаат на државите од Европската унија доколку блокот „украде“ замрзнати руски средства.

Претходно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Брисел работи на предлог да ги искористи конфискуваните руски пари за идната обнова на Украина.

Пишувајќи на Телеграм, Вјачеслав Володин, претседател на Долниот дом на рускиот парламент, ги нарече плановите на ЕУ „кражба на нашите замрзнати средства за продолжување на милитаризацијата на Киев“.

„Конфискуваните средства што им припаѓаат на непријателските земји ќе бидат многу поголеми од нашите замрзнати ресурси во Европа“, пиша тој, сугерирајќи дека ЕУ има повеќе за губење.

Руските средства во ЕУ се замрзнати од февруари 2022 година кога Запад воведе низа санкции за да ја осакати способноста на Русија да ја финансира војната против Украина, особено со блокирање на пристапот на Централната банка до нејзините девизни резерви. Овие депозити се во вредност од 211 милијарди евра на територијата на ЕУ, а над 180 милијарди евра наводно се чуваат од Еуроклир, компанија за финансиски услуги со седиште во Брисел. Тоа се пари кои ЕУ сега планира да ги тенчи со вонредни оданочувања.

Во меѓувреме, руското министерство за недвижнини, на аукција го понуди апартманот кој се водеше на име на Олена Зеленски, сопруга на украинскиот претседател. Се работи за стан од 120 квадрати во село на Црното море. Се јавиле двајца заинтересирани купувачи, победил оној кој понудил 478.000 долари. 

Слично како ЕУ, Русија рече дека овие пари ќе бидат наменети за развој на Крим.

2 ноември 2023 - 15:55