Командант на Хамас против политичките лидери на Хамас

Во едно ретко видено разногласие на Хамас, воен командант на организацијата рече дека цивилни жртви никогаш не биле цел на нивниот напад од седми октомври. Планот во последен момент го смениле политичките лидери на Хамас. А тие живеат во странство и сега не се бомбардирани.

Лидер на батаљон на Хамас од 400 борци/терористи, преку Телеграм обелоденил дека оригиналниот план за нападот од седми октомври не вклучувал ниту убивање цивили ниту нивно киднапирање како заложници.

Милитантите на Хамас биле подготвени да убиваат израелски војници и да земат од нив колку што можат како заложници за подоцна да ги разменуваат за своите луѓе кои се зад решетки.

Наредбите биле сменети во последен момент од политичките лидери на Хамас кои живеат во егзил надвор од Газа, па грозниот напад заврши со силувања, тортура и убиства на повеќе од 1.400 мажи, жени и деца.

Западни медиуми тврдат дека преку Телеграм, воениот командант објаснил дека политичките лидери на Хамас во последните моменти им порачале на младите во организацијата да влезат во Израел, да земат и да прават што сакаат.

7 ноември 2023 - 10:24