Само лани, банките шприцнале 150 милијарди долари во компании чии џиновски проекти наречени „јаглеродни бомби“ би можеле да ја уништат последната шанса за запирање на загревањето на планетата до опасни нивоа, открива Гардијан.
„Јаглеродни бомби“, тоа се 425 проекти за екстракција од кои секој може да испушти еден гигатон јаглерод диоксид во атмосферата.
Помеѓу 2016 и 2022 година, банки, главно од САД, Кина и Европа ги финансирале компаниите кои ги водат овие проекти со 1,8 трилиони долари.
„Климатската реторика не се совпадна со она што се случуваше во екселите“, вели Шрути Шукла, енергетски активист во Националниот совет за одбрана на ресурсите.
Јаглеродните бомби се најголемите извори на горива што ослободуваат гас што ја загрева планетата. Не се сите стари проекти, дваесетина од нив започнале пред некоја година а стопирани биле само три проекти. Истражувачите проценуваат дека постојат најмалку 128 вакви проекти кои допрва треба да стартуваат.
Најголем поединечен инвеститор бил ЈПМорган Чејс кој обезбедил 141 милијарда долари за вакви проекти. Во првите десет инвеститори има три кинески и три европски банки.
Една неодамнешна студија на Nature заклучи дека помеѓу 2020 и 2050 година, понудата на јаглен мора да се намали за 99%, нафта за 70% и гас за 84% за да се спречи загревањето на планетата за 1,5 степени целзиусови над прединдустриските нивоа.
Доколку тие цели не се исполнат, екстремните временски услови ќе продолжат да стануваат сè пожестоки. А пак, доколку се исполнат, јаглеродните бомби ќе станат заглавени средства што треба да се отпишат, што ќе го шокира финансискиот систем и ќе нè внесе во уште една финансиска криза.
Никако не е.