Се работи за ко-основачот на БЛМ Роуд ајленд и основач на БЛМ Инкорпорејтед, Марк Фишер, кој порача дека лично му се допаѓа Трамп, додека Бајден го прогласи за „длабоко разочарување.“
Објаснувајќи го својот став, Фишер изјавува дека наклонетоста кон Трамп е затоа што „сите други не ги бива“
„Трамп лично ми се допаѓа и мислам дека тој што сега седи во Белата куќа е големо разочарување... имам длабок презир за него а и потпретседателката не ми се допаѓа,“ изјавил Фишер.
Запрашан дали се чувствува „осамен“ како лидер на БЛМ што го поддржува Трамп, Фишер објаснува дека голем број други црнци ја напуштаат „демократската плантажа“ и го поддржуваат Трамп.
„Чувствувам дека бранот ќе сврти. Чувствувам дека голем број црнци почнуваат да ја напуштаат демократската плантажа. Премногу долго бевме робови на таа партија. Всушност, ние бевме ментални робови, на кои им е страв да ја напуштат плантажата.
Партијата не го цени нашиот глас. Нивните политики во основа се расистички. Верувам дека тоа е расистичка партија која удира во срцето на црното семејство и општо на семејството. И верувам дека Доналд Трамп е спротивен на тоа,“ порачал Фишер.