Како и сите добри работи кои му се случиле на човештвото и оваа своите почетоци ги има во Фејсбук групи, чии членови и покрај уверувањата од американското ЦДЦ, се на став дека вакцините за ковид некако го оштетуваат човечкиот репродуктивен систем, па бараат невакцинирани донатори.
Дел и од мажите во овие групи, кои се своето семе го етикетираат како „сперма што не е модификувана од МРНА“, инсистираат да донираат само на жени кои исто така не биле вакцинирани за време на пандемијата, бидејќи во спротивно „која е поентата?“
Во веста што ја пренесува Дејли меил се наведува и пример со човек од Калифорнија кој откупува невакцинирана сперма по цена од 3.500 долари.
Во декември 2020, сега веќе дискредитиран германски епидемиолог ја промовираше теоријата дека ковид вакцините можат да предизвикаат женското тело да го отфрли протеинот поврзан со плацентата и на тој начин да ги направи неплодни. Вака добро склопената теорија инстантно се рашири по социјалните мрежи.
Неговите тврдења се базираат на тоа што генетскиот код на протеинот во плацентата (syncytin-1) има минимална сличност со генетскиот код во протеинот на ковид-19. Според него, ако вакцините прават нашиот организам да произведува анти-тела кои нè штитат од ковид, тогаш истите тие анти-тела ќе ја отфрлат и плацентата.
Оваа теорија беше веднаш отфрлена со клинички тестови и искуства од реалниот живот во кои целосно вакцинирани жени остануваат бремени.