Чистката опфатила седум раскрсници во две населби од центарот на градот (СоМА и Тендерлоин) во кои до сега беа најгусто населените бездомнички кампови во Сан Франциско.
Откако се виде дека можело за кратко време да се решат бездомниците и зависниците на кои сo години им е дозволено да го окупираат центарот, нервозата на жителите на Сан Франциско е дека властите цело ова време имале капацитет за средување на проблемот, но одбирале ништо да не направат.
На истите овие граѓани сосема им е јасно дека сега зголемениот број на полиција по завршувањето на Самитот ќе почне да се намалува, а со тоа ќе почнат назад да се враќаат и шаторите, бездомниците и мртвите зависници на улиците.
Освен селењето, властите на СФ се дале и на борба против користењето на дроги во јавност во центарот на градот. Во август, федерални службеници кои работат во центарот добија известување дека заради наркоманите кои се собираат околу нивната зграда е премногу опасно да се оди на работа и им препорачаа да почнат да работат од дома.