Шампиони

Само затоа што во моментов Израел ја толчи Газа како ретко кога во изминативе децении, целосно се нормализираа протести како неодамнешниот во Њујорк под наслов „Квирови за Палестина“. Во сите други времиња таков протест би бил дел од скеч на СНЛ или наслов на Онион, во рангот со „Вегани за чварки“ или „Јагниња за Велигден“.

Апсурдниот протест, кој неодоливо наликува на сè друго организирано од НГО-активистичката индустрија за непрестајно кревање џева како би се оправдало сопственото постоење, а уште повеќе грантовите земени во тоа име, ни за момент не ја зема предвид реалната состојба на теренот околу правата на истата оваа демографија што протестира.

Ако се зборува за ЛГБТ правата, Израел е една од најнапредните држави не само на Блискиот Исток, не само во Азија, туку и на светско ниво, со закони за заштита на нивни права и слободи, до кои се немаат приближено ниту членки на ЕУ.

Од друга страна најголемиот напредок на Палестина во оваа област на пример е што се избегнува фрлање на хомосексуалци од згради, како она што го практикува Иран.

Околу некомпатибилноста на овие пораки со луѓето излезени на протестите зборува и британскиот автор и политички коментатор Даглас Мареј:

14 ноември 2023 - 09:12