Путин е на власт од 2000-та, и ова ќе му биде петти претседателски мандат, а со уставните измени што ги истурка тој би можел да остане на власт максимум до 2036.
Песков, портпаролот на Путин, ниту ги потврди, ниту ги отфрли тврдењата на Ројтерс, само порачал дека се уште нема официјално објавена кампања.
Внатрешните процени е дека сред денешната ситуацијата во која целиот Запад е свртен против Русија, не е паметно да се прават големи промени во власта.
Странски дипломат во Москва за Ројтерс изјавил и дека соопштението за кандидатурата на Путин ќе се случи многу скоро.
Путин претходно изјави дека ќе ја соопшти својата одлука за изборите само откако тие и официјално ќе бидат распишани од рускиот парламент.
Деновиве Зеленски одлучи да ги откаже претседателските избори закажани за март 2024, со објаснување дека сега не е време за избори.