Американската филијала на Индустриската и комерцијална банка на Кина (Industrial & Commercial Bank of China Ltd.) беше погодена од сајбер-напад, не можеше да заврши бројни трансакции откако институциите и банките одговорни за трансакциите експресно се исклучиле од погодените системи. Ова ја присилило банката работата да ја продолжи испраќајќи УСБ преку курири до најразлични клиенти и институции.
Нападот се претпоставува дека е од Локбит, хакерска група која ја поврзуваат со Русија, која претходно има удрено и на Боинг и британскиот Ројал меил. Заради сајбер-нападот брокери и банки се присилени да ја прерутираат трговијата преку други провајдери.
Централата на ИЦБЦ во Кина веднаш свикала итен состанок со колегите од САД, а се размислува и да се побара помош од кинеското министерство за државна безбедност. Кинеските компании обично не се мета на рансомвер напади бидејќи Пекинг забрани крипто трансакции, што им оневозможува да го платат откупот.
ИЦБЦ е најголемиот глобален кредитор по обемот на својот посед. Тие изминативе месеци се пофалија дека работеле и ја подобриле својата сајбер-безбедност.
Нападот се случува во време кога американската Комисија за хартии од вредност и берзи, размислува за воведување на централен клиринг, кој е функционира како посредник меѓу купувачите и продавачите.