Економист, радио водител, во младоста фудбалер и член на рок бенд кој преработува песни од Стонси, тренер по тантрички секс, човек кој телепатски одржува контакт со своето умрено куче.... има уште доста да се каже за новиот аргентински претседател Хавие Милеи.
Уште од младоста го имаат завикано „El Loco“ (Лудиот) и до сегашните 53 години, со ништо не покажал дека му треба нов прекар.
На политички план: самиот се нарекува анархо-капиталист, вети радикално укинување на многу министерства (10 од 18), палење на централната банка и доларизација на економијата бидејќи домашниот пезо постојано ја губи битката со инфлацијата, го мрази Папата, мрази комунисти, муабети за клима, абортус....
Главно запали кај младите и гневните ветувајќи им дека ќе дига политичари на клоци.
„Ако треба да бирам меѓу државата и мафијата, би ја избрал мафијата. Таа има кодекс, таа се прилагодува на состојбата, таа не лаже. И пред сè, мафијата се натпреварува со некого а државата е монопол“.
За реформите во владата вака:
За војната меѓу Израел и Хамас вака:
За радоста од победата вака:
Дома чува четири огромни мастифи од по стотина кила. Им дал имиња по десничарски економисти. Посебен однос има со своето умрено (2017 година) куче Конан (Варваринот) со кое тврди дека е во телепатски контакт. Никогаш женетиот Милеи на чуден начин е близок и со својата помала сестра Карина на која ѝ вети дека ќе ја прави прва дама во државата ако стане претседател.
На една дебата на која политички опонент му се обрати како на „бушав лик кој живее со осум кучиња и спие со сестра му,“ Милеи го реплицираше само ова: „Немам осум кучиња.“
Што се однесува до тантричкиот секс за кој себеси се смета за инструктор, тврди дека може да има секс цели три месеци без да ејакулира.
Ех, кој не го може тоа на тие години.
Бонус: