Зошто рубљата повторно е на западните наслови?

Во последниот период американскиот долар се држеше добро и цврсто. Покажа сила во однос на компетитивните валути на земјите од БРИКС, неговата вредност се држеше добро и во однос на златото. Единственото нешто кое не успеа е да го спречи зголемувањето на вредноста на рубљата која под жестоки санкции покажува извонредна жилавост.

Руската рубља во ноември изненадувачки порасна за 12% во однос на американскиот долар, пркосејќи им на економските санкции на Вашингтон и Запад.

Додека американскиот долар ја демонстрираше својата сила во однос на валутите на другите нации на БРИКС, тој во првите две недели од овој месец не успеа да ја задржи рубљата.

Претходниот месец не беше добар за рубљата додека доларот се држеше добро во однос на другите валути па и во однос на златото. Таа кондиција се изгуби во ноември поради неизвесноста околу ставот на американските федерални резерви за каматните стапки и загрижувачкиот пораст на невработеноста кои ја ослабеа позицијата на доларот.

Од своја страна, Русија примени неколку стратегии за да ја заштити вредноста на нејзината валута. Таа активно интервенираше на светските валутни и девизни пазари за да ја зајакне силата на рубљата а значен чекор беше и што руската Централна банка привременото ја суспендираше размената на американски долари на девизните пазари во земјата. Оваа одлука доведе до зголемена трговска активност со руската рубља, намалувајќи ја доминацијата на американскиот долар.

 

 

20 ноември 2023 - 14:14