Човечка чистка кај вештачката интелигенција

Сосема неочекувано, ОпенаАИ го смени еден од своите основачи, Сем Алтман, кој беше и извршен и член на бордот на директори на компанијата. Нејасно е кои биле неговите гревови а би било јако кога за ваков потег би го прашале ЧетГПТ што мисли кој треба да биде сменет, па овој го исфрлил неговото име.

Сем Алтман е отпуштен од OpenAI, Inc., непрофитната која го води стартапот за вештачка интелигенција што стои зад ChatGPT, DALL-E 3, GPT-4 и други системи за вештачка интелигенција.

Тој ќе го напушти и одборот на директори на компанијата и ќе се повлече од функцијата извршен директор.

Во објава на официјалниот блог на OpenAI, компанијата пишува дека заминувањето на Алтман следи после темелна проценка на одборот кој заклучил дека Алтман не бил конзистентно искрен во комуникацијата со другите членови на одборот, со што го попречувал ова тело да ги спроведува своите одговорности.

„Одборот повеќе нема доверба во неговата способност да продолжи да го води OpenAI“, гласи корпоративната пресуда за Алтман.

Тој напиша дека уживал во времето поминато во OpenAI и дека другпат ќе каже кои се неговите планови.

Делумно паѓа и Грег Брокман, исто како и Алтман, еден од основачите на ОпенАИ. Тој се повлекува од функцијата претседавач на одборот а ќе остане претседател на ОпенАИ, но ќе биде подреден на новата привремена извршна директорка Мира Мурати, која досега беше главен технички директор.

Смената на Алтман е неочекувана и за упатени извори во состојбата на компанијата и во моментов не се знае кои биле неговите гревови.

Во ОпенАИ, Микрософт влезе со 13 милијарди долари и држи 49% од акциите.

 

19 ноември 2023 - 10:50