Во официјалната комуникација од Анхојзер-Буш, се наведува дека Беноа Гарб ќе даде оставка на крајот од годината „и ќе тргне кон нови поглавја во својата кариера“. Гарб е на позицијата нешто повеќе од две годни.
Најголемиот производител на пиво во светот има 13,5% пад на приходите во САД во третиот квартал на 100 литри пиво (клучна метрика во пивската индустрија).
Проблемите почнаа откако брендот Бад лајт направи партнерство со трансродовиот инфлуенсер Дилан Малвени, што предизвика бојкот на пивото дотогаш не забележан во индустријата.
Анхојзер-Буш објавија дека нивната продажба на американски препродавачи е намалена за речиси 17% „главно заради падот на продажбата на Бад лајт“. Компанијата се обиде ова да го реши со субвенционирање на партнерите и продавачите на големо, што пак им ги зголеми трошоците и придонесе за 29% пад на заработувачката на американскиот пазар.
Заради партнерството со Малвени Бад лајт ја изгуби и титулата најпродавано американско пиво која сега му припаѓа на конкурентот Модело.