„Ја поздравувам иницијативата за доброволно преселување на жителите на Газа во држави низ светот.
Тоа е правилното хуманитарно решение за жителите на Газа и целата област откако 75 години минати како бегалци. Мнозинството во Газа се четврта и пета генерација од бегалците од 1948 кои, наместо одамна да бидат рехабилитирани како и стотици милиони бегалци низ светот, се држат како заложници во Газа во сиромаштија и пренаселеност и станаа симбол на желбата да се уништи израелската држава, а бегалците да се вратат во Јафа, Хаифа, Акре и Тибериас,“ напишал израелскиот министер Базел Смотрич.
Тој објаснува дека децениите минати во бегалските кампови создале омраза кај Палестинците кон Израел и Евреите „со која населението на Газа е израснато и образовано“ и тоа ги натерало да веруваат дека единственото решение е уништувањето на Израел.
Неговото резонирање е дека самата Газа нема никакви природни ресурси или независни извори на приход, а нема ни шанси за долгорочно постоење, па затоа единствено решение што преостанува за да се стави крај на страдањето и на Евреите и Арапите е „државите низ светот кои навистина го посакуваат она што е најдобро за бегалците е да ги прифатат нив заедно со поддршката и економската помош од меѓународната заедница, вклучително и Израел.“
Колумната на министерот е ескалација на текстот на пратениците кои не побараа мигрирање на Палестинците, туку го повикаа Западот да ги прими бегалците кои сакаат да се преселат.