Израел го издиша снабдувањето на Украина со гранати

Префрлањето на фокусот на војната меѓу Израел и Хамас ја забавило испораката на артилериски гранати за Киев со што се поткопуваат украинските воени напори, порачал Зеленски.

Украинскиот претседател објаснил дека и фронтот на Блискиот исток имал потреба од 155-милиметарски гранати, кои се клучни за украинскиот фронт и контраофанзивата, а кои беа во дефицит уште кога Израел и Хамас беа мирни.

„Сега сум фокусиран на добивање помош од Западот. Нивниот фокус се префрла на Блискиот исток и други прашања. Без поддршката, ќе почнеме да назадуваме,“ изјавил Зеленски.

Неочекуваната побарувачка од Блискиот Исток се случува во момент кога ЕУ призна дека нема да успее до март следната година да ги испорача ветените 1 милион артилериски гранати.

Зеленски периодов го мина убедувајќи ги сојузниците дека украинската армија се подготвува за терање на контраофанзивата и за време на зимските месеци, а украинска делегација беше во Вашингтон да ги убеди републиканците да гласаат за предложениот пакет за помош од Бајден.

Американските власти признаа дека почнале да се јавуваат проблеми со испораките заради одложување на новиот пакет за помош. Пакетот на Бајден од сто и кусур милијарди долари вклучува и 61,4 милијарди за Украина.

20 ноември 2023 - 14:48