Речси сите, над 500 вработени во ОпенАИ побара оставка од управниот одбор на компанијата и се закануваат дека ќе дадат отказ, по бурниот викенд и ненадејната смена на извршниот директор Сем Алтман.
Веднаш по одлуката која го шокираше тој свет, прво беа пуштени муабети дека тој се враќа на позицијата но бргу следуваше студен туш: Алтман го лапна Микрософт.
Во писмото на вработените, одборот се обвинува дека згрешил со потегот и притоа не ги убедил во аргументите за отказот, дека Алтман не бил искрен и „преговарал во лоша волја“ со извршното раководство на компанијата.
„Со вашите постапки стана очигледно дека не сте способни да го надгледувате OpenAI“, напишаа вработените. „Не можеме да работиме за или со луѓе кои немаат компетентност, расудување и грижа за нашата мисија и за вработените“.
Тие се заканија дека доколу Алтман и Грег Брокман веднаш не бидат вратени на старите позиции, и тие ќе тргнат по нив, и тоа баш во Микрософт.
Писмото не го потпишаа само долните ешалони туку и Мура Мурати која всушност беше унапредена со последните одлуки на бордот, како и Илја Сутскевер, главниот научни и ко-основач, за кого пак се зборуваше дека имал битна улога во смената на Алтман.