Земјоделците планираат да блокираат уште еден граничен премин, откако изминативе неколку недели полските камионџии запоседнаа три гранични премини, со што се ризикува и испораката на хуманитарна помош за Украина. Земјоделците се противат на поволностите што украинските колеги ги добија од договорот со Унијата.
Камионџиите имаат проблем со укинувањето на дозволите за украинските камионџии, како дел од помошта на ЕУ за Украина, што според нив создава нефер конкуренција.
Укинувањето на дозволите е причина и за членките на Унијата за меѓународен патен транспорт, во која учествуваат членки од Полска, Словачка, Чешка и Литванија, и да побараат од ЕУ да го ревидира договорот што го има со Украина.