Вести

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

Речник

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Украинските бегалци ќе се враќаат директно во украинската војска

Украинците моментално раселени низ Европа ќе бидат повикани во својата земја за да ги пополнат армиските редови, како дел од регрутацијата што треба да собере 500.000 војници за украинските одбранбени сили.

Изгледа шашаво, ама делува

Дедо ја тера својата внука да носи кучешки конус околу врат за да ја откаже од зјапање во телефон по цел ден. Изненадувачки, му успева, ама па сега треба да трпи критики на интернет.

Русите и Украинците конечно се согласија околу нешто

Украинците и Русите во последно време имаат многу малку допирни точки, но една руска телевизиска серија создаде чудна конекција меѓу двата народа. И во двете земји, публиката ја голта серијата, ама и во двете земји, бирократите сакаат да ја забранат. Наша реакција: штом и Украина и Русија сакаат да забранат нешто, тоа мора да се види.

Комарот како феминистичка алатка

Еднаквоста меѓу половите, јазот во платите, зајакнувањето на позицијата на жената и другите актуелни теми од овој тип се решаваат со разни средства и алатки. Сепак, ова досега го немало: постои компанија која тврди дека жените можат многу да си помогнат и на работното место и дома, само ако научат да играат покер.    

Ши отворено му кажал на Бајден дека Пекинг ќе го обединува Тајван со Кина

Пораката на кинескиот лидер на самитот во Сан Франциско посебно го привлекува вниманието на американските функционери бидејќи е дадена за време на состанок со Бајден чија намера била да се намалат тензиите.

60% од Германците имаат нешто што сакаат да кажат ама не можат

Само 40 проценти од Германците веруваат дека можат слободно да ги изразат своите политички мислења без да пазат што ќе им излезе од уста, што е најнизок процент уште од 1950-те.

ЕУ ќе плати за да се огради од нас

По години минати во вадење душа на држави како Унгарија и Австрија заради градење огради и ѕидови на своите граници, ЕУ сега е подготвена да финансира огради, ѕидови и бодликава жица во земји вон Унијата за конечно да може да го разработи механизмот за „солидарност“ во згрижување бегалци.

На Пентагон не му излегува есапот на оборување дронови со 2-милионски проектили

Она што прво беше очигледен проблем во Украина, кога скапата и софистицирана американска воена помош се користеше за одбрана од неспоредливо поевтиното руско (иранско-кинеско) оружје, сега ескалираше откако САД беа присилени да ги пазат бродовите што го минуваат Црвеното море од напади од Хутите.

ЕУ членките уништија ковид вакцини во вредност од 4 милијарди евра

Најмалку 215 милиони дози вакцини против ковид-19, во вредност од 4 милијарди евра, набавени во пикот на пандемијата во ЕУ се фрлени бидејќи никој не сака да ги прима. И ова се смета за доста конзервативна проценка.

Забеганоста на привилегираните елити

На интернет протече снимка од млад дечко кој се снимал како се буфта во официјалните простори на американскиот Сенат по што брзо отказ од позицијата помошник на еден сенатор. Ок, младост, лудост. Она што ни е поинтересно; дечкото пробува да се позиционира како жртва во целиот случај. А други го јачаат дека тоа неговото било бунтовништво.

Разбирањето е во печатен текст, не во дигитален

Читањето печатен текст може да ве унапреди за што и да читате шест до осум пати повеќе отколку читањето на истиот текст ама во дигитална верзија. Читањето печатен наспроти дигитален материјал излегло дека е посебно важно за деца.

Ајфон стана некомпатибилен со државна работа во Кина

Кинески државни институции и државни фирми се повеќе ги притискаат своите вработени да престанат да користат / носат Ајфони и други странски уреди на работа, што според Блумберг полека го отвара патот кон целосно блокирање на Епл и Самсунг на најголемиот светски пазар на мобилни уреди.

Замореноста со Украина е проблем што Западот сам го создаде

Во првите месеци од војната и Киев и Москва беа идентично изненадени од тоа колку решително Западот и неговите лидери застанаа зад Украина и колку таа поддршка беше отпорна на сите загуби (главно финансиски) што Западот ги трпеше. По речиси 20 месеци војна, првичната решителност почнува да е заменета од замор.

Германија од ведро небо откажа субвенционирање електрични возила

Шолц и неговиот заменик-канцелар Роберт Хабек објавија дека буџетот за 2024 ќе биде со мерки за штедење, меѓу нив и предвремено прекинување на еколошкиот бонус, субвенција за купување електрично возило во висина до 6.000 евра.

Дали дојава од Путин го смени кинескиот министер за надворешни работи?

Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.

Кој сакал да го прислушува Залужниј?

Во канцеларија која во иднина се очекува да се користи од првиот човек на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужниј, откриен е „технички уред“ кој можел да служи за прислушување.

Во Аргентина ќе смее да се демонстрира на тротоар и многу воспитано

Една од првите мерки на новата аргентинска влада ќе биде целосно да се прекине веќе речиси константното протестирање низ земјата и запоседнување улици. За почеток, кој ќе демонстрира ќе треба да плати и за полицијата што ќе биде на улица.

Нападите преку Днепар биле самоубиство

Два месеца украинските маринци јуришаат преку реката Днепар на југот од земјата, во обид да ослободат територија под руска контрола. Овие операции се последните обиди на украинската контраофанзива да ја пробие руската одбрана. Завршуваат застрашувачки неуспешно.

Шолц го попратил Орбан по кафе кога се гласало за Украина

По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.

За да светнете за празниците - ракија од Чернобил

После нуклеарната катастрофа се веруваше дека тоа ќе остане трајна црна дупка за живот од секаков вид. Но во последните децении, флората и фауната покажаа извонредна виталност за обновување, а на некои видови им оди и подобро отколку кога таму живееја луѓе. Сега прават и алкохоли од локално одгледан мастраф. Не се радиоактивни, освен ако не претераш, ама тогаш сите ракии се радиоактивни.    

Знаат ли ТИЕ дека е Божиќ?

Време е е Боб Гелдоф, Боно и другите прочуени англиски хуманитарци уште еднаш да ја запеат "Do They Know It's Christmas". Овојпат не за Етиопија или слична земја за жалење туку за по дома. Соберете го вкупниот број на жители на Битола, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид и Струга, ќе добиете приближен број на оние во Англија кои овој Божиќ нема да го дочекаат со сигурен покрив над глава.

Американците со време го спасија НАТО од Трамп

Американскиот Конгрес изгласа закон кој му забранува на кој било претседател на САД (кхм, Трамп) да ги повлече Соединетите држави од НАТО без дозвола на Сенатот или Конгресот.

Германската војска е срам за германската војска

На крајот од Студената војна германската армија брои половина милион војници на Западот и уште триста илјади на Истокот. Денес вкупно цела Германија има нешто над 180.000 војници.

Турција туристички ја претицува Франција

Турција е на пат да ѝ го заземе на Франција второто место како најпожелна дестинација за одмор во  Европа. Причините не лежат во баклавите, ашурињата и другите делиции на турската кујна, ниту во некои новооткриени природни убавини и културни наследства на земјата. Во Турција се оди по здравје.