На 26 април 1986 година, нуклеарно топење и пар експлозии го разнесоа капакот на еден од реакторите на нуклеарната централа Чернобил. Радиоактивното гориво и остатоците беа разнесени во атмосферата над северна Украина, ширејќи радиоактивен материјал низ Европа (.пдф).
Експлозијата расфрли 400 пати повеќе радиоактивен материјал од атомската бомба врз Хирошима, а над 200.000 луѓе итно беа евакуирани, оставајќи зад себе сè што имаат, дури и нивните миленици. За да се спречат дополнителни истекувања на радијација, нуклеарната централа беше опшиена со бетонски „саркофаг“.
Во речиси 40 години по катастрофата, нулта- зоната околу Чернобил со радиус од 30 километри во која беше забрането да се живее, помина изненадувачки добро. Растенијата и животните напредуваат, некои и подобро отколку кога луѓето беа наоколу.
Морничавата репутација почна да привлекува и љубопитни посетители па над 100.000 туристи годишно доаѓаат за да видат како тоа изгледа „апокалипсата“.
Не сите се откажаа од потенцијалот на таа зона. Џим Смит е професор е на британскиот универзитет во Портсмут и ја проучувал катастрофата во Чернобил и нејзините последици повеќе од 30 години. Тој се појавува како ко-основач на компанијата Чернобил Спирит која прави жесток алкохол од локално одгледани плодови, на земјиште кое се сметаше за неповратно контаминирано.
Имаат жестица од јаболка, кајсија и круша а на етикетите имаат дива свиња, која многу се има размножено и им претставува симбол на издржливоста и инаетот на природата.
Меѓу половина и 75% од целиот профит го донираат за обнова на областа, газдите и директорите не земаат плата и бонуси а компанијата порачува дека денес (17 декември) е последниот ден за нарачка за ракијата Атомик да ви стигне навреме за Божиќ.