Ши на состанок на кој присуствувале десетина американски и кинески функционери му порачал на Бајден дека Кина претпочита мирољубиво да го припои Тајван кон себе, а не со сила.
Тој се обрнал и на јавните процени на американското воено раководство дека Кина планира да го нападне Тајван во 2025 или 2027, порачувајќи му на Бајден дека истите се погрешни бидејќи Пекинг се уште нема поставено временска рамка.
Пред самата средба кинески функционери побарале Бајден по завршувањето на самитот јавно да порача дека САД ја поддржува целта на Кина за обединување со Тајван и не ја поддржува независноста на Тајван. Белата куќа го одбила ова барање.