Германската војска е срам за германската војска

На крајот од Студената војна германската армија брои половина милион војници на Западот и уште триста илјади на Истокот. Денес вкупно цела Германија има нешто над 180.000 војници.

Бројките што ги објавува Вол стрит журнал покажуваат и дека само Западна Германија во 1980-те имала над 7.000 борбени тенкови, а денес целата Германија има 200, од кои најверојатно само половна се функционални.

Поалармантниот податок што германските функционери го споделуваат со Вол стрит журнал е дека моментално целосната германска индустрија има капацитет да произведе само три тенкови месечно, што е помалку од 40 тенкови годишно.

Уште на почетокот од годинава, комесарката на германскиот парламент за вооружени сили Ева Хогл објави извештај кој покажа дека на германските касарни не само што им недостасува оружје и муниција, туку и основни работи како функционални тоалети и интернет. Пример, една јуришна хеликоптерска единица чека цела деценија за да ги добие потребните шлемови.

Командантот на германските вооружени сили, генерал Карстен Бруер неодамна изјави дека Германија во моментот не е во состојба да води одбранбена војна и мора одново да се вооружува откако Русија масовно го зголеми својот арсенал.

15 декември 2023 - 14:07