60% од Германците имаат нешто што сакаат да кажат ама не можат

Само 40 проценти од Германците веруваат дека можат слободно да ги изразат своите политички мислења без да пазат што ќе им излезе од уста, што е најнизок процент уште од 1950-те.

Кога паѓа Берлинскиот ѕид, на истово прашање позитивно одговориле 78% од Германците, но од тогаш бројките постојано паѓаат, посебно за време на владите на Шредер и на Меркел.

По групи најслободно се чувствувале Германците на возраст од 16 до 29 години, од кои околу 50% изјавиле дека можат слободно да зборат. Кај сите постари групи слободата ја чувствуваат само 36 до 38 проценти. Пример, мнозинството на лицата од 45 до 59 години, околу 51%, се на мислење дека треба да внимаваат околу своите изразување на своите политички мислења.

По партии, приврзаниците на АФД и ФДП биле највнимателни што зборуваат, па 62 односно 57 проценти од нив сметаат дека не можат слободно да го изразат своето мислење. „Најслободно“ се чувствувале членовите на Зелените, од кои само 19% изјавиле дека се стискаат.


Германците:

21 декември 2023 - 10:20