Дедото, од централната кинеска провинција Шенси, додека ја разнесувал внуката на најразлични активности забележал дека таа не кревала глава од телефонот. Се погодило во колата да има и конус, кој се користи кај кучиња за да не си ја лижат раната, па му го намонтирал на девојчето.
Кога девојчето се побунува дека конусот е за кучиња, дедото смирено и одговара, „не розев е, го купив за тебе.“
Во следните два дена секој пат кога девојчето ќе посака да игра на телефонот, добива конус околу врат.
„После 2-3 дена носење, таа повеќе не го сака телефонот, па веќе не го ни користиме,“ објаснува мајката.
Откако видеото од девојчето и дедото се шири на кинескиот интернет, коментарите се движат од критики од тоа дека не е достојно на детето да му се става кучешки конус, до тоа поплаки од родители дека го пробале решението ама не фатило кај нивното дете.