Украинските медиуми објавуваат дека во просторијата е најден прислушкувач кој во моментот на откривање бил во „неоперативна состојба“ и немал начин да зачува или пренесе аудио снимки.
„Нагласуваме дека уредот не е најден директно во канцеларијата на Валериј Залужниј, туку во една од просториите која би можела во иднина да биде користена од него за работа,“ порачуваат украинските власти.
Уредот веќе е даден на испитување и е започната истрага за шпионирање.
Ројтерс пишува дека името на Залужниј периодов е споменувано како еден од можните високите воени команданти кои би можеле да бидат сменети заради разидување со Зеленски околу начинот на водење на војната против Русија.