Законот деновиве треба да биде потпишан од Бајден и ја „нагласува посветеноста на Конгресот кон НАТО алијансата која беше мета на гневот на поранешниот претседател Трамп дур беше на власт.“
Предлагачи на законот се и демократи и републиканци, кои објаснуваат дека тој е „критична алатка за Конгресен надзор.“
Последните два претседателски мандати во САД носат и дијаметрално спротивна политика кон НАТО. Трамп цел мандат се жалеше дека никој во НАТО не уплаќа пари колку што е договорено и најголемиот товар паѓа на САД, заради што во повеќе наврати и споменуваше повлекување од таму.
За разлика од него, Бајден, посебно по почетокот во војната во Украина, почна сериозно да инвестира и да ги засилува капацитетите на Алијансата и во луѓе и во оружје, и го помогна проширувањето на НАТО со Шведска и Финска.
Пред изборите 2024, Трамп повторно ја актуелизираше темата напуштање на НАТО и повторно главна критика е дека членките на Алијансата не ги уплаќаат договорените 2% од буџетот за одбрана.