„Машки свет. Крв на асфалтот“ ( во оригинал: Слово пацана. Кровь на асфальте) е нималку нежен опис на некогашната перестројка и советскиот распад, полн со садизам и цинизам, приказна која следи група момчиња кои се принудени да влегуваат во уличните банди во градот Казан.
Тоа денес е најгледаната телевизиска содржина во Украина, иако таму е забрането сè што доаѓа од Русија или е на руски јазик. Публиката, особено младите, епизодите ги наоѓаат на пиратски сајтови и платформи, на Телеграм канали, кај стигнат.
За нејзината популарност во Украина сведочи не само фактот што главниот мотив од саундтракот е најпопуларен на Спотифај и четврти на Јутјуб меѓу интернет корисниците од таа земја туку што и официјални инстанци, меѓу кои и министерството за култура и екс претседателот Порошенко се дигнаа против неа.
„Во нашата земја, руска серија која го промовира го насилството, криминалот и типичната естетика на агресорот, наголемо се шири на интернет, особено меѓу младите. Ваквата непријателска пропаганда е недозволена во Украина за време на војната“, соопшти министерството за култура, потсетувајќи дека гледањето е илегално.
Но, ако серијата е пропаганда на Кремљ, не сите во руската влада знаат за тоа бидејќи и таму сакаат да ја забранат. Тамошното објаснување е дека таа го романтизира насилството и го глорификува бунтот против авторитетите. Руски депутати потпишуваат петиции за забрана на серијата а првиот човек на Татарстан, еден од економски најразвиените региони во Русија, вети дека официјално ќе побара нејзино блокирање.
Вака тоа изгледа и звучи: