Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

ХБО го откри креаторот на биткоин, најверојатно

Нов документарец на HБО со целата своја сериозност тврди дека го има најдено човекот што ја создаде криптовалутата биткоин, кој изминативе години е познат само по името Сатоши Накамото.

И тоа црните пластики што ги користиме за готвење се токсични

Црната пластика што се користи во најразличен кујнски прибор, детски играчки, садови за носење храна и послужавници за свежо месо и производи во супермаркети, може да содржи алармантни нивоа на токсични хемикалии.

ВИ може да врши само 5% од работите

Без разлика колку ВИ изгледа ветувачки има мали шанси дека тоа ќе успее да ги исполни очекувањата, заради што е нејасно и неоправдано и целото инвестирање во технологија и технолошки акции кое се случуваше и се уште се случува.

Убер не оди на суд за сообраќајки

Американска брачна двојка ја тужела компанијата Убер за сообраќајка која им била приредена додека се возеле во нивно возило. Апелација застанала на страна на компанијата - со сето она што го предвидува и бара Убер, самите се имаат согласено кога притиснале „прифаќам“ на „условите за користење“ на нивната апликација.

Белата боја на кожата и европското потекло се опасност за ЕУ

Ни најмалку саркастично Европскиот совет за надворешни работи објави извештај во кој предупредува дека опасноста за Европската Унија генерално доаѓа од домородното население на континентот.

Смартфоните треба да бидат регулирани како цигарите

Меѓу младите и адолесцентите има постојан раст на проблематично и однесување „налик зависност“, заради што употребата на смартфони треба да биде ограничена со истите  мерки што важат и за тутунот, гласи пораката од Светската здравствена организација.

Најмрачниот час за Украина

Во време кога Зеленски се враќа дома без дозвола за гаѓање на Русија и соочен со запрена инвазија на Курск и руско напредување на истокот, Фајненшл Тајмс пренесува изјави од украински команданти дека тие веќе се за преговори.

Да не му влезеш во куќа на белгиски поп

Белгиската полиција уапси 60-годишен свештеник под обвинение дека го убил, без намера, колегата од Британија што му дошол на гости, по една, до тој момент, прилично забавна вечера за двајцата.

Валканиот бизнис на чистата енергија

Кога пред десет години енергетскиот гигант Дракс со седиште во Британија почна да отвора фабрики за производство на пелети во Северна Америка, ветуваа стотици милиони долари инвестиции во локалната економија, вработувања на локално население, зголемување на уделот на чиста енергија... Ништо од тоа. Напротив.

Квота за мигранти во германско судство и администрација

Германската СПД има намера да воведе еден вид нивен Рамковен договор кој ќе гарантира задолжителна застапеност на мигранти меѓу судиите и општо во администрацијата во земјата, за овие да се чувствуваат повклучени.

Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа.

Што е разликата меѓу жртвите во Мариопол и Газа?

Коментаторот на Јутарњи вели дека нема битна разлика меѓу она што го правеа Русите во Мариопол и она што Израел го прави во Газа а од скоро и во Либан. Освен можеби една - жртвите во Мариопол барем добија статус на праведници, додека оние во Газа се обична статистика. Замислете Русија деновиве да го уништуваше Киев и да потепаше 700 цивили. Ќе беше пиштење- вриштење по цел Запад. 

Тајланд ќе дели пари на народ

Се работи за официјална програма во која државата ќе им подели 14 милијарди долари на своите жители во надеж дека тоа ќе им помогне во размрдување на втората по големина економија во југоисточна Азија.

Италија повторно ќе бутка ученици за поведение

Заради се полошото однесување кон учителите, Италија ја враќа во сила мерката за губење година за сите ученици кои имаат лошо поведение.

Пиење вода од чешма е екологија

Додека водата во шишиња е проблем заради непотребната количина микропластика што ја внесуваме, уште поголем проблем за планетава и човештвото е што на глобално ниво секоја минута се употребуваат по 1 милион пластични шишиња за вода.

Маск го подигна влогот за изборот меѓу Трамп и Камала

„Малкумина Американци сфаќаат дека ако Трамп НЕ биде избран, ова ќе бидат последните избори. Тој не само што не е закана за демократијата, туку е единствениот начин таа да биде спасена“, драматично напиша Илон Маск на неговата платформа Икс. Цаката е во изборниот инжинеринг кој се прави со миграцијата.

БиБиСи не може да изусти дека силувач е маж

Уште еден сексуален предатор и силувач од „најмаргинализираната“ заедница повторно нападна. Се работи за на Алекс „Лекси“ Секер, маж со брада толку бујна што ирански ајатолах може да му позавиди. Па сепак, последниот наслов на Би БиСи околу оваа приказна гласеше „Транс жена осудена на шест години за силување“.

Новите украински војници се „блокираат“ пред Русите

Шестмина Украинци, со 2-годишен стаж во војната, цели шест дена успеваат да ја одбранат својата позиција од нападите на над 100 руски војници. Кога си заминуваат, нив ги менува 8-члена екипа, најголемиот дел нови регрути над 40 години. Од нив шестмина или се убиени или ранети во рок од една недела.

Израел истури 80 тони противбункерски бомби за да го убие Хасан Насрала

Бомбардирањето на локацијата во Бејрут е последниот чин од повеќегодишната операција на израелското разузнавање за продирање во целата мрежа на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Крис Кристоферсон, секоја чест

На 88 години, мирно во својот дом почина големиот Крис Кристоферсон, бескрајно надарениот креативец кој успеа да направи две големи паралелни кариери, и во музиката и во Холивуд. Негови песни ќе препознаете и не знаејќи дека се негови бидејќи го имаат преработувано десетици големи имиња. Сè започнува кога Кристоферсон му се буфнал дома на Џони Кеш. Со хеликоптер.  

Полна уста напредок, полни очи сиромаштија

Секоја година во Њујорк се состануваат хуманитарци, филантропи и бироктрати, презадоволни од себе и својот удел во борбата против сиромаштијата. Реалноста функционира малку поинаку. Навистина ќе дадат пари, ама откако од сумата ќе ги одземат огромните трошоци на нивните експерти кои ја проценувале состојбата и се запознавале со ситуацијата. 

Странците скапо ја чинат Германија

Германската влада погрешно пресметала колку је чинат давачките за социјална помош. Грешката не е мала туку двоцифрена бројка во милијарди евра. Процениле дека за таа потреба ќе треба да се одвојат 36 милијарди евра а испаднало дека ќе требаат 46. Лавовски дел од таа социјална помош ја користат странци во Германија.

На ред се цивилите

Британската армија е станата премногу мала и затоа граѓаните на земјата мора да бидат подготвени да се борат ако затреба, е препораката која доаѓа од британскиот парламент.

Русија ги врза Шахид дроновите на Старлинк

На еден од соборените ирански дронови што Русија ги лета над Украина за прв пат е откриена опрема од Старлинк, што според воените експерти сериозно ги крева капацитетите и убиственоста на дронот.