Џон и Џорџија Мекгинти - двојка од Њу Џерси во нивни 50-ти години, поднеле тужба против компанијата за превоз Убер лани во февруари, речиси една година откако претрпеле „сериозна физичка, психолошка и финансиска штета“ кога Убер возилото во кое се возеле се удрило во друг автомобил.
„Постојат физички лузни и ментални лузни и не мислам дека тие некогаш навистина ќе можат да се вратат во полн капацитет какви што биле порано“, троа драматично кажа нивниот адвокат.
Убер одговори со барање за отфрлање на жалбата и принудување на арбитражата, што подразбира страните да ги решат своите разлики надвор од судот и целата постапка да остане приватна.
Компанијата тврди дека Џорџија Мекгинти, која е нивен долгогодишен клиент, се согласила на арбитража за какви било спорови со компанијата кога го потпишувала правилникот „Услови за користење“ за користење на нивната апликација.
Семејството Мекгинти објасни дека всушност нивната ќерка - која и тогаш и сега е малолетна - се согласила со условите кога го користела телефонот на мајка ѝ за да нарача храна во нивно име.
Понискиот суд првично застана на страната на двојката, но Апелацијата во Њу Џерзи ја поништила оваа одлука и сепак упатила на арбитража.