Со врзувањето на дроновите на сателитска комуникација Русите добиваат постојан фидбек од овие дронови, способност за пренесување податоци до дроновите и можност во секое време да му го сменат правецот на движење.
Како што објаснуваат од Дефенс експрес, со новиот додаток Шахид од чисто камикази-дрон, се претвора и во извиднички дрон.
Со Старлинк Русите може да го користат Шахид како оружје со екстремно голем домет, кое сега може да удира и на мети во движење.
Шахид има домет од околу 2.000 километри.
Старлинк не функционира, ниту се продава во Русија. Планот е сериските броеви на опремата на соборениот дрон да бидат искористени за откривање на потеклото на дронот.