Наместо вработеност и чисто да биде, во фабриките се вработуваат само дузина локалци а пелетите се носат во Англија, во тамошните електроцентрали на Дракс.
Имаат отворено 7 фабрики за пелети во САД и една во Канада. Таа кандската досега имала 189 прекршоци на законите и правилата за заштита на околината, повеќето од нив заради загадување на воздухот. Американските фабрики се казнувани со милионски казни за слични недела.
Најгреота се луѓето кои живеат во населените места близу фабриките. А тоа е јака немаштина, со стапка на сиромаштија и до 40%. Масовно се жалат на срцеви проблеми и проблеми со дишењето, особено оние кои веќе имаат такви потешкотии па си помагаат со боци со кислород. На една уличка живееле дури пет лица со кислородна поддршка. Петмина веќе се мртви.
А живите велат дека во нивното место ни тревата не е зелена како што била, ни дрвјата цветаат како некогаш.
На сето ова Дракс тврди дека нарачаните анализи не утврдиле врска меѓу работата на нивните фабрики и здравјето. Само што не кажуваат кој ги правел тие анализи.
Но, тоа е само едната страна на приказната.
Како што наведовме, пелетите се прават за централите на Дракс во Обединетите кралство кои сега прават струја на пелети наместо како некогаш на јаглен.
Но, сè поголем е бројот на екологисти и научници кои предупредуваат дека електраните во Обединетото Кралство се повеќе јаглерод- интензивни кога горат пелети отколку кога горел јаглен.
Целата компанија, всушност е профитабилна само благодарејќи на огромните субвенции од матичната држава. Тоа не ги спречува да најавуваат отворање електрани и во САД во наредните години за што веќе бараат федерални субвенции.