Како што законите помогнаа во другите области на јавното здравје, така можат да помогнат и околу проблематичното однесување кое кај адолесцентите е предизвикано од играњето видео игри и дремење на социјалните мрежи, е очекувањето на Наташа Азопарди Мускат од СЗО.
Мерките што таа ги предлага да се препишат од тутунската индустрија се ограничување на возраста, контролирани цени и забранети зони за користење. Ова би одело во пакет со едукација на децата и тинејџерите за тоа како правилно се користат дигитални уреди и снаоѓање во дигиталниот свет.
Неодамнешна студија на СЗО покажа дека 10% од децата на возраст од 11 до 15 години во Европа, Централна Азија и Канада, имаат проблем да го контролираат своето користење на социјалните мрежи и имаат негативни последици. Ова било покарактеристично за девојчињата отколку за момчињата. Кај гејмингот повеќе проблеми имало кај момчињата.
Поврзаноста меѓу социјалните мрежи и менталното здравје, посебно кај младите, периодов привлекува доста внимание, а на почетокот од летово Урсула фон дер Лејен вети „прва во историјата истрага на ниво на цела Европа за влијанието на социјалните медиуми врз добробитта на младите.“