Во извештајот во кој се дискутира за тоа колку многу луѓе станале „видливо разочарани со европскиот проект“ од тинк-тенкот решаваат да заклучат дека вината паѓа на тоа колку се бели пратениците избрани за Европскиот парламент во 2024.
Порачувајќи дека ЕУ почнала да личи на Барбиленд, од ЕЦФР пресметале дека на изборите само 20 не белци пратеници од муслиманска вероисповест влегле во европскиот парламент, што е помалку од 3% од вкупниот број на пратеници и далеку под 10-процентната застапеност на оваа демографска група во европската популација.
Ваквото „белило“ според ЕЦФР придонесува за муслиманите и останатите мигранти да се чувствуваат „отуѓено“. Ваквата отуѓеност само дополнително расте од зголемената поддршка што десничарските партии ја добија на изборите, дури и за оние кои најавуваа депортација на огромен број од не-белата популација.
Предупредувањето од ЕЦФР е дека јавноста повеќе застранува кон разбирање на „европејството“ во етничка смисла, а не како што тие очекуваат и посакуваат во „граѓанска“ смисла. Ова е посебно карактеристично за најмладите гласачи, а опаснота е дека заради тоа Брисел во иднина би можел да ги изгуби гласовите и на полиберално наклонетите млади гласачи.
Сведувајќи го гласањето и изборот на десница од страна на младите чисто на помодарство, без подлабоко навлегување во проблемите со економијата и мигрантите, ЕЦФР ја обвинува ЕУ да ја нормализирала ксенофобијата и дека ги оставила младите приврзани кон етничкиот концепт на европејство, заради што истиве гласале за крајната десница.