Кога британскиот бродкастер првпат објави за случајот во јуни, Секер беше наречен „таа“. По критиките на социјалните мрежи од страна на јавноста, некои новинари и адвокати, ова тивко се смени во „тие“ во неколку последователни известувања.
Само што Секер е маж, а не „тие“. Тој е опасен човек кој силувал жена. Глупиот компромис со „тие“ не ги задоволи ниту неразумните барања на транс-лобито, ниту вистината.
За среќа, на суд жртвата не беше принудена да му се обраќа на својот силувач како да е жена. Во нејзината изјава, таа рече: „Тој ми ја одзеде довербата во луѓето и во себеси. Нападот ме обзема од срам и страв“.
Судијата, која за време на процесот му се обраќала на Секер како на женско, пресудата ја оправда со фактот дека за време на силувањето Секер бил маж. Оти па тој, човекот на обвинителната клупа, некако престанал да биде машко.
Секер сепак е пратен во машки затвор. Времето ќе покаже колку долго таму ќе му трае неговиот посакуван женски родов идентитет.
Тој не е некаков исклучок. Речиси половина од машките затвореници кои се идентификуваат како транс се таму заради сексуални деликти. Толку многу што за нив почнуваат да се отвораат специјализирани затворски одделенија.