Огромното несовпаѓање во проценките и бројките кои ги објави весникот Билд предизвика бес во германската јавност иако министерството за труд на Хубертус Хајл од СДП соопшти дека објавените бројки не се разбирливи и методолошки се несоодветни.
Накратко, дека дел од трошоците за сместување треба да бидат покриени од локалните власти и затоа не се релевантни за федералниот буџет. Но, бројките не ги демантираа.
Огромните суми исплаќани за социјална помош станаа политички експлозивна тема поради огромните трошоци што се ставаат на грб на германските даночни обврзници но и поради огромниот број странци кои го користат овој систем на социјална помош.
Половина од сите приматели се странци, а многу од другите кои се германски државјани, исто така, имаат миграциско потекло.
„Имиграцијата не функционира, дури ни економски. Кога некој би направил разлика помеѓу Германците врз основа на нивното миграциско потекло, сликата би била уште попогубна“, напиша европратеникот Максимилијан Крах, кој е член на АфД, но во Европскиот парламент делува како незваисен.
Тој сподели и графикон покажувајќи колку малку Германци всушност примаат социјална помош.