Програмата беше едно од ветувањата на владејачката партија дека на 45 милиони луѓе ќе им подели по 10.000 бати (300 долари), што е столб на нивниот план за засилување на растот на економијата.
Освен опозицијата, со планот не се согласува ни Централната банка која стравува за цената за финансирање на оваа програма.
Планот ќе се исполнува во три фази, а во првата пари ќе им бидат исплатени на околу 14,5 милиони луѓе, вклучително и најранливите делови од населението. Првично се планираше парите да бидат испорачани преку дигитален новчаник, за сега да се одлучи дека тие ќе бидат директно префрлени на банкарските сметки на граѓаните.
Економистите предупредуваат дека субвенциите ќе имаат ограничено, еднократно влијание на економијата.
Тајландската економија порасна за само 1,9% минатата година, заостанувајќи зад регионалните економии како онаа на Индонезија, инаку најголема во југоисточна Азија, и која порасна за 5%.
Тајланд има исклучително висока стапка на задолженост на домаќинствата која изнесува над 90% од БДП-то, што пак доведе до намалување на потрошувачката.