Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Топ 10 погрешни прогнози за климатски катастрофи

Поминаа шест години откако деликвентната активистка Грета Тунберг „научно“ предупреди дека климатските промени ќе го збришат човештвото до 2023 година ако не ги исфрлиме фосилните горива. Климатски активисти денес велат дека мразот на Арктикот ќе се стопи некаде помеѓу 2035 и 2067 година. Некој некогаш сигурно ќе погоди. До тогаш ќе се бележат промашувањата.

Европа има помалку бебиња и постари мајки

Прекарот Старата Дама сè повеќе ѝ прилега на Европа. Жените доцна стануваат мајки, Италијанките на возраст од речиси 32 години. Проекциите се дека земјите од Европската Унија ќе стареат уште побрзо и до крајот на векот ќе изгубат 152 милиони луѓе, ако демографската дупка не се пополнува со имиграција.

Работи што не се кажуваат: НАТО е клинички мртов

Европа доби уште една, никогаш подиректна, порака дека повеќе не може да смета на американска заштита. Иако сè уште никој не го кажал тоа, НАТО е клинички мртов, со сè помалку шанси да закрепне. Европската Унија мора да направи нова стратегија, кога ќе најде одговор на прашањето: Од кого сака да се брани? 

По половина век под калап, учениците пуштаат коси

Кратката коса значи дисциплина, пресудила хунтата во Тајланд уште во 1975 година и наредила сите ученици да бидат уредно потстрижени. По долга битка со строгите наставници и острите ножици, учениците од Тајланд конечно се изборија за право што се чини толку едноставно - косата да им ги покрие ушите.

Како САД да ја избегнат судбината на Европа

Споредбата меѓу Европа и САД е стара и неуморна дисциплина. Еконономските бројки обично се на страната на Америка но европскиот модел на социјална безбедност и здравствена заштита се смета за супериорен во однос на бруталниот капитализам отаде океанот. Њујорк пост имаат интересна дијалошка форма на оваа тема, при што „Америка“ ја брани „Шведска,“ а Шведска вика, не е тоа баш така.

Атеизму, избави нè од досадата

Првпат во историјата Британија влезе во „атеистичка ера“, со повеќе атеисти отколку верници во Господ. Научниците мислат дека имаат одговор зошто луѓето ѝ го вртат грбот на религијата. Верските обичаи им се здодевни.

Гугл е следниот за испрашување во Конгресот

Сослушување на Алфабет е следната епизода од „крстоносниот поход“ на републиканскиот конгресмен Џим Џордан против социјалните платформи за кои смета дека ги цензурирале конзервативните гласови за време на Бајден. Мета по сослушувањето ја промени својата политика за слободата на изразување.

Лажица пластика по глава на жител

Микропластиката на најразлични начини продира во човековото тело и најчесто се вгнездува во мозокот, повеќе отколку во другите органи. Загрижувачка е концентрацијата на честички од пластика во мозоците на луѓето со деменција. Не е доволно испитано како пластиката влијае врз здравјето, но се поврзува со мозочни и срцеви удари.

Израелски ВИ го следи секој палестински збор и издвојува закани

Израелските разузнавачки служби креирале алатка слична на ЧатГПТ и ја нахраниле со секој збор што Палестинците го кажале по телефон или како порака. Препознава локален говор и дијалекти. Самата ги следи и ги анализира комуникациите, открива „гнев“ или „нагон за убиство“ и етикетира закани. Понекогаш нагаѓа.

Од глупави состаноци се добива мамурлак

Науката потврдува. Лош состанок, без содржина и цел, на кој соговорниците не можат да се разберат или по кој сите повторно си тераат по свое, создаваат главоболка слична на мамурлук, која долго време не може да се истера од главата. Како лек се препорачува муабет со близок колега. 

Кој знаел дека во секоја клетка сме имале „златен рудник“ за антибиотици

Супербактериите што станале отпорни на сите познати антибиотици убиваат по повеќе од 1,27 милион луѓе секоја година. Нови антибиотици речиси и да нема. Израелски научници откриле дека во нашето тело сме имале арсенал против бактерии и штоф за природни антибиотици.

Британските пензионери ќе смрзнат додека пополнат барање за огрев

Британските власти издвојуваат средства за поддршка на ранливите категории граѓани и им нудат поволни кредити, а потоа го блокираат пристапот со висок бирократски ѕид. Каква социјална помош е да се бара од луѓе во возраст кога ги напушта силата и видот да одговорат на 450 прашања за да добијат помош  за огрев?

Војници на терен во Украина? Стармер, ај олабави

Британскиот премиер Кир Стармер се чини страда од воена грандиозност, но никаква доза на ароганција не може волшебно да создаде сериозна воена сила.  Учебничкарски пример за лидер без кормило, непопуларен дома а грандиозен на светската сцена заради ПР поени. Најавите за „војска на терен“ не се ништо друго освен позирање што не им носи ништо добро ниту на Британија ниту на Украина.

Европа бара преговарач од голем калибар за Украина

За да се врати во преговарачкиот процес за Украина, на Европа ѝ треба впечатлив лик, со авторитет во Вашингтон и Москва, некој што би ја кренал слушалката на црвениот телефон од реторичкото прашање на Кисинџер: Кому да се јавам во Европа? Можеби Ангела Меркел е европскиот одговор на Американецот Кит Келог.

Сега и од зејтинот ли ќе треба да се плашиме?

Маслата од семки во последно време ги бие лош глас. Ги нарекуваат „The Hateful Eight“. Џон Кенеди Јуниор бара да бидат исфрлени и да бидат заменети со говедска лој. Во хор му се придружија инфлуенсери и подкастери, па и ресторани. Проблемот се масните киселини омега-6 и рафинирањето. Рецептот за добро здравје е во разумен компромис.

Иднината им припаѓа на дебелите

До 2050-та, над половина возрасни и една третина тинејџери ширум светот ќе бидат влезени во категоријата дебели (правилниот збор е ужасен: обезни). Преброени по човек, најмногу ќе ги има во Кина, Индија и САД, но на сцената се појавуваат некои неочекувани тешкаши. Нигерија, на пример. Во 2021 година имала 36 милиони буцмасти а на средината на векот ќе ги има 141 милион. Машала.

И Арапите ја гледаат Газа како ривиера, ама со Палестинци

Арапските соседи нацртаа своја верзија на Газа од иднината, расчистена и разубавена со паркови, шеталишта и сите други салтанати. Слично како и брошурата за Газа од Доналд Трамп. Со разлика што во арапската Газа ќе останат да живеат Палестинците. 

Спремни за дигитална детоксикација?

Мобилниот телефон сигурно ви е при рака. Или можеби на него ги читате овие редови. Ве фаќа уплав ако не го гледате околу себе? Ново истражување потврдува дека смартфоните се дрога слична на никотин или алкохол. Апстиненцијата може, но не мора да го подобри расположението.

Што е поважно - платата или рушветот?

Како со плата од 170.000 долари годишно конгресмен може да стане мултимилионер? Никако, вели Илон Маск. А, сепак, ги има многу такви. Останува дилемата дали поголема плата ќе ги демотивира да крадат. Од наше искуство - тешко.

Војната во Украина уште не завршила, во Германија го чекаат рускиот гас

Германската индустрија кризира додека е на терапија на одвикнување од рускиот гас. Охрабрени од напорите на Доналд Трамп да ја запре војната во Украина, компании во источниот дел на Германија веќе кројат планови за блиско идно време, кога рускиот гас повторно ќе протече низ вентилите. 

Замина фронтменот на Њујорк Долс

На 75 години почина Дејвид Џохансен од групата која, кога почна да пржи на почетокот на 70-тите, п од панк немаше на европската сцена. Заедно со Велвет и Стуџис ја обележаа њујоршката сцена во таа деценија иако во првата фаза имаа само два албума. Кога се распаднаа, во Европа допрва почнуваше панкот бидејќи вирусот веќе беше раширен.   

Програмерска перестројка

Информатичката технологија поминува низ историска трансформација на работната сила. Брзиот развој на вештачката интелигенција го префрли фокусот од програмирање кон бизнис. Работниците и компаниите што не умеат брзо да се прилагодат ризикуваат да бидат прегазени од времето и конкуренцијата.

Америка ги финансирала и терористите од Ал Шабаб?

Секое спомнување на Сомалија ги потсетува Американците на смрт и бомби, на соборените хеликоптери „блек хок“ и масакрот на војниците во Могадишу. Сол на раните се сведочењата и обвинувањата дека САД преку УСАИД всушност ги финансирала сомалиските терористи од Ал Шабаб.

Јужна Каролина ќе пука

По зачестените затајувања на смртоносните инјекции, САД им се враќаат на стрелачките водови, како „похуман“ метод за егзекуција на лица осудени на смрт. Повеќето сојузни држави погубуваат осуденици со инјекции, некои со гасни комори, други користат електрични столици, а одамна помина времето на бесилките.