
Долга е историјата на научници и бирократи што прават катастрофално лоши предвидувања за животната средина. Бранот почна некаде во седумдесеттите години со прогнози дека до крајот на векот ќе се стопи мразот или дека луѓето масовно ќе умираат од глад.
Професорот од Харвард, Џејмс Андерсон, кој ја инспирираше прогнозата на Грета Тунберг, предвиде дека арктичкиот мраз ќе се стопи до 2022 година. Ни тоа не се случи.
Еве 10 примери на катастрофално лоши прогнози за климатски катастрофи.
- Во 1970 година, Дилон Рипли, секретар на Институтот Смитсонијан, предупреди дека 75 до 80 проценти од видовите ќе исчезнат до 1995 година.
- Во 1970 година, Кенет Ват, еколог и професор на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, предупреди дека до крајот на векот нема да има повеќе сурова нафта, ниту една педа од земјата нема да биде употреблива за земјоделство, а светот ќе биде 11 степени постуден.
- Во 1970 година, биологот Пол Ерлих од Универзитетот Стенфорд предупреди дека до крајот на деценијата поради пренаселеност, од глад ќе умираат по 200 милиони луѓе годишно, животниот век ќе падне на 42 години, а животот во океаните ќе исчезне.
- Во 1970 година, Питер Гунтер, професор на Државниот универзитет во Северен Тексас, предвиде дека до 2000 година пренаселеноста ќе ги надмине капацитетите за производство храна и дека ќе гладува целиот свет, со исклучок на Западна Европа, Северна Америка и Австралија.
- Во 1971 година, д-р С. И. Расул, атмосферски научник во НАСА, предвиде „ново ледено доба“ во рок од 50 години.
- Во 1975 година, повторно Ерлих, биологот од Стенфорд, предупреди дека 90% од тропските дождовни шуми и 50 отсто од видовите ќе исчезнат во рок од 30 години.
- Во 1988 година, Хусеин Шихаб, директор за еколошки прашања на Малдивите, предупреди дека неговата островска држава ќе биде целосно под вода во рок од 30 години.
- Во 2004 година, Пентагон предупреди на глобална анархија поради климатските промени. Големите европски градови ќе бидат под вода до 2020 година, а Британија ќе страда од „сибирска“ клима.
- Во 2008 година, на научна дебата на ABC News за климатските промени беше предупредено дека Њујорк би можел да биде под вода до 2015 година.
- Во 2009 година, поранешниот потпретседател и климатски активист Ал Гор предвиде дека Арктичкиот Океан ќе остане без мраз до 2014 година. Грета Тунберг го продолжи рокот до 2022 година.