
Грег Роман, директор на Блискоисточниот форум, пред Комитет на Претставничкиот дом сведочеше дека Агенцијата за меѓународен развој УСАИД префрлала милиони долари на сомалиската терористичка група Ал Шабаб, една од најкрвавите во светот.
САД ја финансираа власта на сомалискиот претседател Мохамед Сијад Баре од 1969 до 1991 година. Откако беше соборен, почна бомбардирање, и тоа од сите администрации во Вашингтон по 2001 година, без оглед дали се демократски или републикански.
Со операциите против терористички групи и пирати цинично се маскира интересот за стратегиската вредност на земјата, од чиј брег во должина од 3.025 километри се контролира сообраќајот низ Аденскиот Залив. Во времето на претседателот Џо Бајден, Африканската команда на американските сили соработуваше со проамериканската влада во Могадишу за бомбардирања позиции на Ал Шабаб, но гинеа и цивили. Само во 2023 година САД спроведоа 18 воздушни удари и една копнена операција во Сомалија, при што загинаа 120 цивили.
Конгресмените Тим Баркет и Мерџори Тејлор Грин ја обвинуваат Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) дека насочиле помош во вредност од 2,1 милијарди долари кон региони контролирани од Ал Шабаб во Сомалија и Хамас, што го оценуваат како предавство на американските даночни обврзници и поткопување на националната безбедност.
Со наши пари финансираме активности што нè загрозуваат, забележуваат Баркет и Грин.
УСАИД во Сомалија испраќала хуманитарна помош фокусирана на здравството, образованието и економскиот развој. Во Авганистан, пак, со авион секоја недела биле префрлани пари што веројатно завршувале кај талибанците.
Ревизорите сè уште не откриле цврсти докази дека што би го поврзале УСАИД со поддршка за Ал Шабаб, талибанците, Хамас или Ал каеда.