Досие УСАИД: Многу пари, многу скандали

За мрачните страни на УСАИД ние имаме пишувано повеќе од десет години (свесно си пресековме еден потенцијално доходовен канал, ама ако), па сепак, сега кога се отвораат тефтерите за оваа владина агенција во која се колнеа „невладини“ и ние сме фрапирани колку тоа пари се извртеле преку нив. И ако ние овде се нервираме зашто знаеја да финансираат глупости, замислете тек како им е на Американците од чии пари е финансирано сето тоа.


Сметката за балканската крчма:

Новата прес секретарка на Белата куќа, Керолајн Левит, за некои од ставките: 

  • 1,5 милиони долари за унапредување на „диверзитетот, правичноста и инклузијата (ДПИ)“ на работните места во Србија, 
  • 70.000 долари за ДПИ мјузикл во Ирска, 
  • 50.000 долари за транс опера во Колумбија, 
  • 32.000 долари за транс-родов стрип во Перу...

Скенирајте вие сметки:

Влијателниот американски медиум ПОЛИТИКО, не само што земал 8 милиони долари од УСАИД туку наводно прибрал вкупно 34 милиони од разни федерални агенции.

„Бев информиранa за финансирањето на УСАИД за медиумите, вклучително и Политико... И можам да потврдам дека повеќе од осум милиони долари од даночните обврзници кои се трошени за  субвенционирање на претплати за Политико веќе ќе нема. Тимот на DOGE веќе работи на откажување на тие пари“.
Керолајн Левит, прес секретарка

Пар милиони долари за транс здравство во Гватемала, 750.000 за ублажување на осаменоста меѓу индиските мигранти, 1,5 милион долари за родова чувствителност за мигрантите на венецеулската граница, 4,3 милиони за здравствени услуги за геј мажи во Јужна Африка....
- Како ова ги унапредува интересите на Америка?
- Немам одговор.
- Се разбира дека немате.

Имаше гласини дека холивудски ѕвезди (Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Шон Пен, Бен Стилер...) биле плаќани со милионски суи за да одат во Украина и да ја промовираат украинската страна, но подоцна почнаа тие гласини да се демантираат.  

И следново не е потврдено, ама, не би нè чудело. 68 милиони долари од УСАИД за Светскиот економски форум чиј патријарх, Клаус Шваб, кажа дека една од главните методи им е да пенетрираат во владини кабинети.  


Види и:
Колкава моќ поседува Клаус Шваб?
Кога ќе го запознаете Клаус Шваб и сличните, сфаќате дека се идиоти
Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“
Најголемите хитови од Клаус Шваб


 

 

 

 

 

 

 

6 февруари 2025 - 13:29