
Илон Маск нуди радикални решенија како да се исчисти корупцијата во Вашингтон, но и стравува дека може да плати со главата ако подлабоко притиска за расчистување на мочуриштето.
Гостувајќи на подкастотот „Joe Rogan Experience“, Маск оцени дека поголемиот дел од митото завршува кај демократите, а „по некоја коска завршува и кај републиканците“.
Можеби треба значително да им ја зголемиме платата на политичарите, зашто така се обесхрабрува митото. Или да не им плаќаме ништо, или многу повеќе, предлага Маск.
Роган му се спротивставил: „Нема толку висока плата што би обесхрабрила политичар да се збогати со инсајдерско тргување“.
Илустративен пример е демократката Ненси Пелоси, поранешната спикерка на Претставничкиот дом, која продала акции на „Виза“ во вредност од половина милион долари непосредно пред владата да отвори истрага против финансискиот гигант. Нејзиниот сопруг Пол Пелоси купил акции на „Енвидија“ за 1 милион долари, неколку недели пред Конгресот да одобри субвенции за производителите на чипови.
Маск тврди дека корупцијата продира многу подлабоко од обично инсајдерско тргување (Тито Беличанец, добар?), кое може да се открие со проверка на портфолија. Само се плаши дека копањето подлабоко во мочуриштето може да му биде „смртна пресуда“.
За ова може да ме убијат... Како ќе преживеам во Вашингтон? Треба да бидам претпазлив и да не притискам премногу со ова за корупцијата, зашто тоа ќе ме убие, изјави Маск.