
По полувековно потстрижување, на учениците во Тајланд конечно им е дозволено да пуштат долга коса.
Врховниот суд ја поништи директивата од поранешната воена хунта која ги скрои фризурите за ученици: кратка коса за момчиња и прамени до уши за девојчиња.
Директивата од 1975 година ги прекрши индивидуалните слободи заштитени со Устав и не беше во допир со денешното општество, пресуди судот.
Одлуката е одговор на петицијата поднесена од 23 ученици во 2020 година, со барање да се испита уставноста на правилото. Учениците се жалеа дека им се нарушени достоинството и слободата.
Иако се чинеше невозможно, сакавме да направиме нешто. Голем срам е ако ниту еден ученик во историјата на Тајланд не се крене да ја оспори моќта на возрасните, изјави за ББЦ дипломецот Пантин.
За да промовира „индивидуалност и правичност“ Министерството за образование дури во 2020 година им дозволи на студентите да пуштат подолги коси: момчињата до половина врат, а девојчињата и повеќе, но да ја соберат.
Пантин забележува дека во новата судска одлука има „дупка“ што на најконзервативните училишта им остава право да се придржуваат до старото правило. Наставниците прават смотра на првиот час и со ножици ги потстрижуваат „неуредните“.