Британскиот Cadbury патентираше чоколадо што не се топи: стои три часа на 40 целзиусови степени, го јадеш и прстите ти остануваат чисти. Британците се гневни.
Како што е ред и како што било од секогаш Ајфеловата кула ги надгледува Марсовите полиња кои завршуваат со редовите од згради, по кои продолжува остатокот од Париз. Како што не е ред и како што никогаш не било - пејзажов е од Кина.
Од угледен стоматолошки авторитет стигнува порака дека чистењето заби со конец е губење време. И овие кои до вчера викаа спротивно, сега коментираат: Па, така е.
Со децении проетерувано како еден од најсељачките манири при јадење, новиот кодекс за однесување во ресторан дозволува јадење со прсти. За жал, немаме детали за макањето.
Оскарите воопшто не се награда за квалитетот на филмот, туку се трка во бакнување на што е можно повеќе задници на членовите на Академијата, објасни Ентони Хопкинс, на прашањето што прави во врска со неговата номинација за најдобар актер.
Ако до сега проблемот беше дека можете да најдете влакно во храната, во иднина е многу поверојатно проблемот да биде: машинско масло или некој запчаник во јадењето.
Годишно во САД 16.000 (возрасни, полнолетни и на сите други начини деловно способни) луѓе некако успеваат сериозно да си ги повредат гениталиите. Најмал број од повредите се од секс, најголем од велосипед.
На 50 годишнината од нивното формирање, NPR ги прашува членовите на Ролинг Стоунс која им е омилената песна, ако воопшто можат да се сетат на сите нив. Прв е Кит.
Веста ја почнуваме од пресвртот - само на одредени жени и само за одредени типови на оргазам важна е големината на машкиот полов орган. Во сите други ситуации е сеедно.
За првите 6 месеци од годинава, сите весници и списанија во САД заработиле 19,2 милијарди долари од реклами. Истовремено, по иста основа, Гугл сам заработил 20,8 милијарди долари.
Без разлика што детално ги познаваат сите причини и околности за дебелеење, докторите имаат подеднакви предрасуди кон дебелите луѓе како и остатокот од јавноста.
Дури и во моментов да немате 140 квоциент на интелигенција колку што бара македонското министерство за здравство, потребно е само време за да го исполните условот. Дали знаете дека на секои 10 години, просечниот IQ се покачува за 3 поени?
Со децении германскиот фолк состав Kastelruther Spatzen е убер позната фолк група која редовно жнее награди и прави тиражи за кои поп ѕвездите од земјата можат само да сонуваат. Нивниот некогашен продуцент сега тврди дека сето тоа е фејк.