Живот и забава

Веќе никој не краде "на жичка"

Во историјата заминува кражбата на автомобили, која, благодарејќи на филмовите, ја замислуваме како стандардна. Лопужите во меѓувреме се досетиле дека автомобил најлесно се пали со - клуч.

Семејство Шодае

Од "го земам презимето", преку "ќе го додадам неговото" и "ќе го задржам само моето," сега стигнавме до - "ќе ги смешаме двете презимиња".

Или брзо или точно, бирај

Невролозите открија дека човековиот мозок може да донесе брзи одлуки и прецизни одлуки, само не во исто време.

Дали сте доволно маж да носите шарени чорапи?

Мажите архетипски се ловци, постојано подготвени за предизвик и опасност. Но, бидејќи одамна се припитомени, им останува сосема мал простор да ја покажат оваа органска дивина. Всушност, тој мал простор се сведува на глуждовите на нозете.

Водовод не верува во Бога

Едно од најсветите места во христијанството, Црквата на воскресението (локацијата на распнувањето и воскресението на Исус), ќе биде затворено заради долг од 2,1 милиони долари кон израелскиот водовод. Објектот и неговите финансии се управувани од Грчката православна црква.

"Забрането внесување деца"

Во Германија ги има најмногу но и други европски земји нудат хотели кои на своите гости им гарантираат дека нема да бидат вознемирувани од дечурлана.

Кога жената е маж во куќа

Добра вест од типот "драги, најголем ти е во маало" - жените се повеќе се решаваат да се омажат "под својот ранг" со мажи кои се помалку квалификувани или образовани од нив.

Најден е светиот грал за денот потоа

Сите фори што до сега сте ги чуле (и пробале) за мамурлакот слободно може да ги заборавите. Американците измислија чаре за кое тврдат дека, после инфузијата,  е најдоброто нешто за мамурлак.

Прошка за подолг живот

На страна подобрите врски и мирен мозок, простувањето има и докажани медицински бенефити кои се движат од подобро спиење до подобар крвен притисок.

Што ќе ти се факти кога имаш публика?

Вест објавена во британски Телеграф пред повеќе од еден месец останува на сајтот со наслов кој е до толку неточен, што БиБиСи објави вест за неа во која ја прогласи "за статија со најнеточен наслов на сите времиња."

Дадилка на четири тркала

Половина британски родители признаваат дека редовно го користат автомобилот како средство за заспивање на децата. Таквото возење годишно ги чини 550 фунти.

Дизни го купи Лукасфилм

По долги преговори и натегања Дизни конечно го купи Лукасфилм (студиото на Лукас, не Аца, другиот). Цена на студиото што ја има веројатно најлегендарната франшиза во историјата на филмот и дузина други неповторливи проекти = колку четири Инстаграми.

Википедија е отприлика готова

Може ли енциклопедија која ја работи жива заедница и е постојано отворена за нови информации воопшто да биде готова? - Може, вели историчар.

Јахтата на Стив Џобс потсеќа на - Стив Џобс

Постхумно завршена, супер јахтата на Стив Џибс изгледа како маестрален споменик на неговата минималистичка естетика.

ТВ на парче

Вебот ги преврти весниците, а Ајтјунс ја смени музиката. Што ако и телевизијата тргне по тој пат?

Гангнам оди на милијарда

Неподносливото корејско лудило веројатно ќе биде првиот Јутјуб клип кој ќе забележи една милијарда гледања. Засега е само трет.

Храната со налепници како цигарите

Проблемот со дебелината, канадските доктори сакаат да го решат на ист начин на кој го решаваат проблемот со пушењето - налепници.

Бонд, пијачки и лешови

Како Бонд, Даниел Крег пие неспоредливо многу алкохол во однос на неговите претходници, ама за тоа па има освоено најмалку девојки споредено со другите. Еве како стојат другите бројки.

Тоалет се од корен корнеше

Индиската влада им порача на семејствата кои имаат ќерки и синови за венчавка да не планираат свадба додека на младите не им обезбедат тоалет.

Војната против дрогата не функционира

Не само што е многу скапа, туку војната против дрогата речиси и да го нема променето бројот на зависници во САД. Цели 40 години.

Паркот на 4-те слободи

Речиси 40 години откако беше најавен, Њујорк го отвора "Френклин Рузвелт паркот на 4-те слободи," сместен на островот Рузвелт меѓу Менхетен и Квинс.

Најновата јапонска софтвераљка

Хацуне Мику е најновата музичка атракција меѓу тинејџерите во Јапонија. Почетокот на нејзин концерт изгледа стандардно; пубертетлии врискаат, бендот загрева атмосфера... Само што, за да излезе Мику на сцена, некој треба да стисне ентер.

Има ли заштеда во авионот?

Ако патувате со авион, најдобар начин да заштедите е да резервирате карта 34 дена порано и по можност, да отпатува те во вторник.

Мостот мерак

Нешто слично на мостовите што во моментов се градат на Вардар, се прави и на Сена во Париз, со таа разлика што воопшто не е слично и што во основа е забавно.