Сликите најверојатно ќе успеат да ја постигнат својата цел бидејќи се прилично одвратни на повеќе нивоа. Налепниците како предупредување од последиците покажуваат отворени рани на детско стапало и прилично оштетен црн дроб.
Освен сликите, докторите предложиле и воведување на поголеми даноци за нездрава храна и намалување на данокот за здрави производи, плус ставање на предупредувања на излог на продавници за прехранбени производи.
Сето ова треба да биде следено и со ограничување на рекламирањето на овие производи, јасно обележување на храната со голема количина на шеќер и маснотии, секое пакување да ги има јасно назначено последиците од консумацијата на ваквата храна.
Според Здружението на доктори од Онтарио (предлагачите на овие мерки), болестите кои се јавуваат како последица на дебелина го чинат Онтарио меѓу 2,2 и 2,5 милијарди долари.