До сега студиото беше во 100-процентна сопственост на Џорџ Лукас, а сумата за која тој го продаде е 4 милијарди долари, пола во готово, пола во акции.
По купувањето Дизни објави дека во 2015-та може да очекуваме ново продолжение на Војна на Ѕвездите (Епизода 7). Само годинава Војна на ѕвездите се очекува да му донесе на Лукасфилмс 215 милиони долари од лиценцирање на најразлични производи. Последниот дел од Војна на ѕвездите (Епизода 6) заработи 550 милиони долари.
Со купувањето, Дизни ги добива правата и на Индијана Џонс и други филмови кои во моментот се прават во Лукасфилм. Освен ова во договорот влегуваат и студиото за специјални ефекти Industrial Light & Magic (тука ѕирнете им ја неверојатната листа на филмови на кои работеле) и компанијата за компјутерски игри Лукас Артс.
Дизни е сопственик и на брендот Марвел и е ко-основач на Пиксар.
"Во изминатите 35 години едно од најголемите задоволства ми беше да гледам како Војна на Ѕвездите се пренесува од една генерација на друга. Сега е време и јас да ја пренесам Војна на Ѕвездите на нова генерација филмаџии," порачал Лукас во писмената изјава.