Уште од моментот кога ги купи правата за Војна на ѕвездите Дизни се стави во потрага по режисер. Еден од првите режисери кој уште тогаш изјави дека дефинитивно нема да го режира филмот беше Џеј Џеј Абрамс. Како што знаете, Џеј Џеј Абрамс ќе биде режисер на новото продолжение на Војна на Ѕвездите.
По долги преговори и натегања Дизни конечно го купи Лукасфилм (студиото на Лукас, не Аца, другиот). Цена на студиото што ја има веројатно најлегендарната франшиза во историјата на филмот и дузина други неповторливи проекти = колку четири Инстаграми.