Додека од компанијата ги бараат парите за заостанати сметки од изминатите неколку децении, претставниците на црквата тврдат дека местото од век и векова е изземено од плаќање вода.
Побарувањето доведе и до блокирање на сметката на Црквата, заради што тие сега не можат да исплатат и други сметки или да им дадат плата на свештениците.
"Не се работи за парите, туку за промената во статус кво кое стотици години ја штитеше црквата. Ова е притисок врз црквата и начин да се воведат нови мерки креирани од Израел," изјавил претседателот на Националната христијанска коалиција во Светата Земја.
Од ГПЦ се заканија дека ако се продолжи со притисокот врз нив, комплетно ќе ја затворат локацијата. Според црковните закони, за ваква мерка на Грците ќе им треба согласност од Католичката и Ерменската црква.