Живот и забава

Ај после ќе ставиме наслов

Завршувањето на безгрижното лето потсетува на ужасот на сите обврски кои доаѓаат со есента. Истовремено, и на слатката радост дека сето тоа може некако да се забуши.

Зошто Јапонија е имуна на "Gangnam Style"

Без разлика што PSY од порано е познат во Јапонија, земјата речиси комплетно го игнорира глобалното лудило околу неговиот хит (476 милиони прегледувања до сега).

"Вог" воскреснување

Септемврискиот број на Вог е толку легендарен што се сними документарец за изданието од септември 2007-ма кое имаше 840 страни, од кои 727 беа со реклами. Изданието за септември 2012-та, има 916 страни.

Каде е, што прави Џорџ Дуплове Буш?

Што прави денес еден од нашите своевремено најомилени диктатори, после Сапармурат Нијазов? Американскиот "Пато" деновите ги минува најпензионерски. Игра голф и се храни по фини ресторани. Чекајте, чекајте, и црта портрети на кучиња.

Вести од загрозен вид

Ниту четвртина од Американците не одговориле позитивно на прашањето: "Дали вчера прочитавте печатен весник?"

Грип по бројки

Подготвувајќи се за сезоната, Американците грижливо пресметаа колку ќе ги чини тоа што зимава нивните сограѓани ќе фатат грип.

Со пливање до работа

Кога Лондон и онака има толку многу вода и канали кои не се користат, зошто тогаш луѓето не би пливале до работа наместо да одат или да возат, порачува група архитекти од Лондон.

Телевизија и геј

Актуелната есенска тв сезона има најголем број на хомосексуални ликови во историјата на американската телевизија, се објавува во извештајот Where We Are on TV.

Светот ќе остане без чоколадо и кафе

Заради најразлични проблеми, неколку (многу драги) видови храна се на добар пат да засекогаш да исчезнат. Меѓу нив: чоколадо и кафе.

Витамин Д во празно

Без разлика што сте чуле од матичниот хомеопат, не постои никаков, ама никаков, доказ дека витаминот Д помага во спречување настинки. Ама никаков.

Бугарскиот Pussy Riot

Бугарскиот рапер Мишо Шамара (Big Sha) се соочува со затворска казна од две години доколку судот ги прифати аргументите на обвинителството дека го навредил државното знаме на Бугарија. Па да чуеме за што се работи:

Заверата на МИ5 против Стоунси

По директива на ФБИ, британската тајна служба разработува цела завера како да ги собори Стоунси и да ги заглави во затвор.

Како да користиш компјутер а да не ослепиш

Како изгледате кога седите на компјутер, директно влијае на тоа дали ве болат рамениците, вратот и каков ви е видот.

Аферата Драјфус на италијански начин

14 месеци затвор за уредникот на италијанскиот Ил Џорнале. За навреда, напишана од анонимен коментатор. Чекајте, има пресврт.

На Фокс им се уби човек во живо

И покрај сите механизми за претпазливост што ги има на располагање, телевизијата Фокс комплетно неочекувано директно го пренесе самоубиството на еден неименуван маж.

Колку поголема криза, толку помали пакувања

Французите полека почнаа да сфаќаат дека со ширењето на немаштијата во земјата, светските корпорации почнаа да ги менуваат регуларните пакувања со помали верзии, кои до сега најчесто биле наменети за Источна Европа.

За кога ќе пројде интересното

Кога веќе знаеш дека некој се мажи со тебе заради пари, не разумно е да не се обидеш од целата работа и ти да извадиш некој ќар, па макар тоа било и неколку пати неделно да ти прават ручек.

Здравство без дно

Благодарејќи на реформите на Обама, САД сериозно ги зголемија парите кои се одвојуваат за здравство. Автоматски, се зголемија и парите кои се фрлаат бадијала. Иако секој 6-ти долар даден за државата се слева во тој систем, дури една третина од нив (цели 750 милијарди долари!), никого не прават поздрав.

Во Франција повеќе нема мајка и татко

Сите официјални француски документи ќе останат без полињата "мајка" и "татко" како дел од подготовките на државата за легализирање на геј браковите.

Да (не) се чека?

Не дека на некој му треба убедување, ама сексот пред брак не само што е пожелен туку е и здрав, пишува во својот текст за сексуалната етика колумнистката на Гардијан.

Донации во празно

Американците годишно фрлаат стотици донирани бубрези и покрај тоа што 4.700 нивни сограѓани секоја година умираат чекајќи трансплантација токму на овој орган.

Белгијскиот премиер се пријави за донирање органи

Преку Фејсбук, премиерот на Белгија на сите свои пријатели и поддржувачи им соопшти дека е спремен во случај на смрт да донира органи.

Зошто и како збесна Били Џо? (апдејтирано)

Прво напишавме: "За едни, неговата канонада од пцовки која заврши со кршење на гитарата е доказ дека рокенролот сè уште е жив. За други, тоа е симптом на очај на еден човек кој не може да се помири дека веќе не е главен". Ден потоа, Green Day објаснија.

Еколошки штетни плескавици

Продолжувајќи ја од никого непобараната и непотребна војна против бургерот, научниците сега тврдат печењето плескавици на жар, загадува повеќе отколку шлепер. Претходно, напнуваа околу издувните гасови од говедата.