Како можни причини се наведуваат три работи:
Прво, јапонските медиумите и не обратија многу внимание на целата работа. Имаше неколку извештаи дека песната стигнала на второ место во Британија и за нејзиниот успех во САД.
Второ, иако најави, PSY никогаш не направи јапонска верзија од песната, што е веќе пракса за корејските бендови, бидејќи Јапонија им е вториот најголем пазар. Кога почна целото лудило (уште во август), продуцентот на PSY најави снимање на јапонската верзија "Roppongi Style," меѓутоа таа никогаш не се појави.
Трето (и најмалку веројатно), песната не го постигна успехот во Јапонија заради политичките тензии меѓу двете држави, околу неколку спорни острови, за кои и Јапонија и Јужна Кореја тврдат дека се нивни.